На регионалниот пат Прилеп – Битола вчеравечер се случила трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубил 49-годишен велосипедист од Прилеп.
Несреќата се случила околу 21 часот, кога патничко возило марка „Рено“ со прилепски регистарски таблички, управувано од Т.Д. (51) од село Галичани, удрило во М.Б. (49), кој во моментот туркал велосипед.
М.Б. со тешки телесни повреди бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде подоцна им подлегнал на повредите. Смртта ја констатирал лекар, а увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп во присуство на јавен обвинител.
По наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се води истрага за утврдување на причините и околностите за несреќата.