Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата која стапува на сила од вечерва на полноќ. Одлуката донесува зголемување на цените на најкористените горива, додека екстралесното масло за домаќинство поевтинува.
„Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 78 денари за литар, дизел гориво 67,50 денари, масло за горење екстра лесно 67,5 денари. Цената на килограм мазут ќе биде 39,7 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар“, одлучи РКЕ.