Ноќеска по полноќ, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта. Виничанецот претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф” без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот.
-Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти МВР.