Портпаролот на израелската војска денес изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети дека ќе возврати на израелските напади, објави Скај њуз.
Портпаролот рече дека 200 израелски борбени авиони учествувале во напади врз повеќе од 100 цели во Иран во текот на ноќта.
Израелската армија денес објави дека во текот на ноќта извршила напади врз повеќе локации во Иран, и дека целите на нападите, меѓу другото, биле цели поврзани со нуклеарната програма.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека станува збор за „превентивни напади“ и дека во земјата е прогласена вонредна состојба, пренесува ABC News.