Израелските власти започнаа масовна мобилизација на резервисти пред евентуалниот ирански одговор на нападите извршени од израелската армија во текот на ноќта. Илјадници резервисти итно се распоредуваат во редовите на воздухопловните сили, военото разузнавање, логистичките единици и регионалните команди.
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, се обрати на армијата:
- Не ви ветуваме само успех. Одговорот ќе биде различен од сè што сме виделе досега. Подготвени сме да се браниме – рече Замир.