Косовската влада одлучи да прифати до 50 мигранти од САДво рок од една година, јавија косовските медиуми.
Таа одлука е донесена на вчерашната електронска седница на косовската влада.
Според Коха, мигрантите ќе останат во Косово – „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во земјата на потекло“.
„Владата на Косово ја одобри одлуката за обезбедување привремена и непосредна заштита на педесет (50) лица, како дел од соработката меѓу Владата на Република Косово и Соединетите Американски Држави. Лицата на кои се однесува оваа Одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе ги уживаат правата дефинирани со важечките законски прописи“, кратко изјавија од косовската влада.