Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова в.д. директорка на кочанската Општа болница со проширена дејност, која доаѓа на местото на досегашната Кристина Серафимова, која е разрешена од функцијата.
Паниќ – Мирчовска е специјалист по општа хирургија, а на фунцкијата доаѓа во критичен момент за Кочани по катастрофалната несреќа во Пулс, по која над 200 луѓе се повредени, од кои најголемиот дел се лекуваат од кочанската болница.
Инаку, Паниќ – Мирчовска е докторката која требаше да замине од кочанската болница, но по бурните реакции на пациентите повредени од Пулс, дека имаат најголема доверба токму во неа, заменик министерот за здравство ја стопираше постапката за превземање.