Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Идризи ќе биде разрешен или ќе помине само со опомена, откако одби на новинарите да им се обрати на македонски јазик, туку говореше само на албански јазик, рече дека ќе биде разрешен ако повторно одбие да го стори тоа.
Кога новинарите побараа изјавата да ја пренесе и на македонски јазик, бидејќи, во спротивно, еклатантно го крши Законот за употреба на јазиците кој треба да го штити, тој рече дека според истиот тој Закон за употреба на јазиците треба да добие и преведувач.
На ваквиот негов потег жестоко реагираше вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ, кој порача дека уште на следната владина седница Идризи ќе биде разрешен од функцијата.
„Разговарав со директорот на Инспекторат за употреба на јазици, Арсим Идризи, му ја посочив грешката и не очекувам да ја повтори истата грешка. Ако се случи такво нешто, во истиот момент ќе биде разрешен“, рече премиерот.