На 2 јуни 2025 година, во 13:25 часот, во СВР Штип беше пријавен инцидент во кој учествувале странски државјани и вработен во локален угостителски објект.
Пријавата ја поднел Г.С.Д. (48) од Велика Британија, кој информирал дека претходниот ден, на 1 јуни, во угостителски објект во Штип, лицето Д.Н. физички ја нападнало неговата сопруга, Џ.С.
Според пријавата, кога Г.С.Д. се обидел да интервенира, вработениот во објектот, Б.Ј., го нападнал со остар предмет, при што му нанел телесна повреда.
Од СВР Штип информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.