Покрај дискусија за банките и инвестирањето, тема на разговор во денешното издание на емисијата „Стадион“ беше и трагедијата во Кочани која покажа дека невниманието и неодоговрноста доведува до големи трагедии.
Закажаа државните институции, но вината посочува и кон приватниот бизнис. Како сопственикот на дискотеката „Пулс“ лесно добил кредит за реновирање без да се обрне внимание за безбедноста? Кои се критериумите?
„Ние бараме дозволи, не можеме да дадеме кредит ако дискотеката ја нема потребната лиценца како што беше во случајот со трагедијата. Има две нивоа, едно кое ние го бараме она што законот го пропишува, но не е доволно секогаш, особено кај бизниси и индустрии кои можат да имаат висок ризик и негативно влијание за околината и безбедноста на луѓето. Ние особено не се ослонуваме на она што го бара регулаторот, нема ниту каматата да ја зголемиме, туку нема со нив да соработуваме ако тоа не е исполнето. Над тоа, одиме во еден подлабок пристап, посета, интервјуа. Излегуваме на терен за тоа каква е ситуацијата со транспорт на градежни материјали, отстранување на градежен отпад, безбедност на вработени, колку се инвестира во модернизација на опрема, тој вид на проверки ги правиме“, вели Емилија Спироска од ПроКредит Банка.
Емисијата на „Стадион“ можете да ја гледате на линкот: