Парите, банките и финансиите беа во центарот на дебатата во „Стадион“, каде што денес гостуваа Јованка Јолеска-Попоска и Емилија Спироска од ПроКредит.
Се отвори прашањето за минималната плата, односно колку истата според нив треба да изнесува.
„Од социјален аспект, таа треба да расте, нормално, но зголемувањето мора да оди заедно со зголемена продуктивност. Ако тоа не се случи, во некој економски циклус се креира проблем. Имаме индустрии каде во вкупна структура на трошоци најголем дел одат за плати и сега замислете компанија која има 10 отсто заработка, а 70 отсто за плати. Кога истата би се зголемила и би го потиснала профитот, понатаму истата не може да расте, а прашање е и дали може да опстане“, изјави Спироска.
Таа зборуваше и за брзите кредити и начинот на кој тие се одобруваат.
„Банките можат да бидат брзи во услужување на своите клиенти, но од аспект на критериуми и одговорност кон исплата на кредити, ние сме пред се регулирани со Народна банка, за разлика од брзите кредити кои не се. Исто така, лошиот пласман на банката се враќа како бумеранг, така што свесни сме за она што го правиме. Бизнис модел во кој наплаќате преголеми каматни стапки за да покриете загуби е нешто што ниту општествено ниту економски е здраво“, децидна е таа.
Емисијата на „Стадион“ можете да ја гледате на линкот: