Во денешното издание на емисијата „Стадион“, тема на разговор беа банките, парите и финансиите, а гости беа Јованка Јолеска-Попоска и Емилија Спироска од ПроКредит Банка, едната член на Надзорниот одбор, а другата член на Управниот одбор.
Според Спироска, банкарството е покомплексно за разлика од некои други работни позиции.
„Сега банкарството е помалку атрактивно за младите за разлика од порано. Ако некогаш беше сон да работиш во банка, сега не е баш така. Мислам дека други индустрии презедоа примат како на пример ИТ, тоа ги влече младите“, вели таа.
Во однос на имиџот на банкарите порано и сега, Јолеска-Попоска рече дека некои основни вредности треба да бидат исти и сега, како и пред 20-30 години.
За инвестирањето на граѓаните во недвижнините, Спироска смета дека тука луѓето гледаат можност за заштеда на вредноста на парите.
„Имаме инфлација, покачени се и инфлација. Од друга страна, покачени се и трошоците во градежништвото за 35-40 отсто. Од 2021 до 2024 година цените на становите во Скопје за покачени за 65-80 отсто за метар квадратен. Таа разлика е влијание на преголема побарувачка“, децидна е таа.
Според Јолеска-Попоска, кога граѓаните одлучуваат да инвестираат, треба да постават јасна цел.
„Многу е важно дали сакаат да заработат брзо или ќе инвестираат на долг рок. Идеално е ако имаат на располагање поголема сума на пари, истата дел да ја штедат во банка, а дел да ја инвестираат, во акции пример доколку сакаат побрза заработка“, вели Јолеска-Попоска.
Емисијата на „Стадион“ можете да ја гледате на линкот: