Професионален читач на усни тврди дека моментот кога Брижит Макрон му удри шлаканица на сопругот, Емануаел Макрон, бил многу посериозен отколку што двојката сакала да го прикаже, судејќи според невербалната комуникација на Брижит додека се симнувале по скалите.
„Кога вратата на авионот се отвора, претседателот Макрон се свртува кон Брижит. Во еден ненадеен момент, таа го турка во лице. Кога сфаќа дека вратата е веќе отворена и дека персоналот го следи нивниот однос, Емануел изгледа вознемирено и брзо ја крева раката со присилно „здраво““, изјавил читател за „The Express“.
Еден член на екипажот наводно потоа „видливо ги кренал рамената и поминал со раката низ косата во знак на непријатност“.
Што се однесува до Макрон, тој „се приближува до Брижит, а потоа се преместува на другата страна со смиреност“, продолжува аналитичарот. „Неколку моменти подоцна, тој ѝ покажува да го следи со зборовите „Ајде“.“
Откако му се заблагодарува на пилотот и мавта кон камерите – во она што аналитичарот го опиша како обид да го вратат својот „јавен имиџ“ – двојката се свртува и се упатува надолу по скалите, каде што „работите повторно стануваат ледени“.
„Тој ѝ ја подава раката; таа ја игнорира и се држи за оградата. Додека поминува покрај него, се чини дека мрмори „Dégage, espèce de loser“, што во превод значи: „Тргни се јаднику“.
Макрон наводно одговорил: „Essayons, s’il te plaît“ — „Ајде да се обидеме, те молам“. Сепак, Брижит наводно отсечно возвратила: „Не“.
French President Emmanuel Macron was slapped by his wife during a family dispute that was caught on camera.
The incident occurred shortly after the French presidential plane landed in Vietnam.
What exactly enraged his wife remains unclear. pic.twitter.com/O8bnm4wVMC
— NEXTA (@nexta_tv) May 26, 2025
Читачот на усните додава: „Неговиот последен израз на лицето и зборовите „Je vois“ — „Разбирам“ — кажуваат сè. Зборовите болат повеќе од ударот“.
„Реткок, нескриен момент што алудира на подлабоки тензии меѓу двајцата. Вреди да се напомене, особено со зафатениот дипломатски распоред што претстои“.
Брижит, која е 25 години постара од нејзиниот сопруг, го запознала Макрон кога тој бил ученик во средното училиште каде што таа предавала француски. Двојката се венчала во 2007 година, пред Макрон да ја започне својата кариера во јавната служба. Анализата доаѓа откако Макрон ги отфрли тврдењата дека станува збор за сериозна расправија. Во понеделникот, тој рече: „Се расправаме и, всушност, јас и сопругата се шегуваме“, пренесува нова.рс.