Општина Штип одговори на денешниот прес на СДСМ Штип во врска со гасењето на семафорите на крстосницата во населба Сењак:
„Општина Штип отпочна реализација на ДУП со изградба на булеварот „Партизанска“ и воведе изменет режим на сообраќај при изградбата. Во текот на изведбата поради затворање на дел од улиците и лентите за движење на возилата на бул. „Партизанска“ и ул. „Борис Крајгер“, на крстосницата со ул „Сремски Фронт“ и ул. „Борис Крајгер“ која е регулирана со светлосна сигнализација се јави големо оптоварување на ул „Сремски Фронт“ и ул. „Борис Крајгер“ со возила кои не можат навремено да го фатат зелениот сигнал и тоа се манифестираше со зголемување на бројот на возила во редици. Затоа се одлучи да се исклучат семафорите и да се користи веќе поставената вертикална сообраќајна сигнализација за регулирање на крстосницата се’ до завршување на работите на бул. „Партизанска“, се вели во одговорот од општината.