Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип поднесе кривична пријава против 73-годишниот Ј.Б. од Берово поради агресивно однесување кон малолетна ученичка во основно училиште.
Според официјалните информации, инцидентот се случил на 14 март 2025 година во основно училиште во Берово, кога Ј.Б., кој е дедо на една од ученичките, влегол во училиштето и на агресивен начин се однесувал кон соученичка на неговата внука.
Надлежните институции постапиле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а случајот веднаш бил евидентиран и документиран од страна на полицијата.