Годинава Д фестивал, кој за првпат ќе се одржи во Штип, наместо во Дојран, средствата од одржувањето на фестивалот ќе ги донира за потребите на жртвите и нивните семејства од трагедијата во „Пулс“.
- Годинава Д Фестивал ќе се одржува како хуманитарен фестивал, целосно ќе биде посветен кон поддршка на иницијативата Support Kocani, сето ова се организира со нивна соработка. Влезот за посетителите годинава ќе биде бесплатен, тоа е клучен момент, но ќе постои тн. хуманитарен билет, којшто веќе од денеска ќе биде достапен за продажба онлајн, а сите средства од овие билети целосно ќе бидат наменети за иницијативата Support Kocani. За нас нормален и природен гест, ова следи како чин на солидарност, сочувство и обединување по страшната трагедија која што се случи во Кочани. Трагедија која не погоди сите нас, вели Катерина Евго од Пасворд продукција.

На денешниот прес претставник од Support Kocani беше Дарко Ефремов, кој се заблагодари на иницијативата:

- Ова е огромна чест за иницијативата средствата од Д фестивал да бидат донирани преку нас. Тоа е голема поддршка за нас како група на граѓани кои во тие најбитни моменти се обединија се со цел да помогнат на децата баш поради сите оние можеби бирократски проблеми или процеси кои морат да бидат исполнети за да биде сѐ побезбедно”, изјави тој.
Д Фестивал ќе се одржи од 4ти до 6ти јуни на Градскиот стадион во Штип.