Иако предлогот за избор на гувернер на Народната банка на Македонија сѐ уште не е доставен до пратениците, предложениот кандидат Трајко Славевски нема да добие поддршка од опозицијата, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски.
– Сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски, не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било традиција во изминатите години. Од претседател на Советот на град Скопје доаѓа како гувренер на Народната банка, тоа е првата работа. Втората причина е што тој е човек којшто се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики коишто се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, велеше дека дури 9.000 денари е голема минимална плата. Тој не може ништо добро да донесе ниту за системот, ниту за државата. Трето, човекот којшто овие изминати скоро четири години како претседател на Советот на град Скопје не направи ништо освен кочење на сите работи коишто требаше Советот да ги прави. Практично, водеше некакви полички битки помеѓу градоначалничката којашто тие ја избраа и ВМРО-ДПМНЕ. Немаме навистина никаква причина да се даде поддршка Трајко Славески биде избран за гувернер на Народната банка, истакна Спaсовски.