Јарон Лишински и Сара Милграм се имињата на двојката Евреи вработени во израелската амбасада во Вашингтон што беа застрелани во центарот на главниот град на САД.
Жртвите „биле во цутот на животот“, објави амбасадата на X. „Терорист ги застрела и уби додека излегуваа од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон“, се вели во соопштението.
Амбасадата соопштува дека нејзиниот персонал е „скршен“ од убиството.
- Ниту еден збор не може да ја изрази длабочината на нашата тага и ужас поради оваа загуба. Нашите срца се со нивните семејства, а амбасадата ќе биде покрај нив во ова страшно време, се додава во објавата. јт/
Фото: Амбасада на Израел во САД