Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип во рамките на одбележување на 18 години од своето постоење денеска организираше панел дискусии на тема партнерства и соработки. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски рече дека целта е промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции.
- Би сакале да ја пренесеме пораката до сите членови дека тоа е можност да работиме заедно, да се усовршуваме. Ние може да учиме од реалниот сектор исто како тие што можат да ги користат знаењето кое го има УГД, и ова е целта на овој денешен настан, дека партнерството и соработката се основа за равој, изјави Мираковски. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов смета дека развојот на Универзитетот „Гоце Делчев“ значи и развој на општината Штип. Посочи дека образованието е клучен фактор за движење на процесите напред и оти соработка ќе продолжи во иднина.
-Универзитетот и соработката која ја имаме воспоставено сите овие 18 години не значи само јакнење на локалната економија, тулку преност на знаење кој се врши во нашиот град е многу значајно, за да продолжат процесите во сите сегменти на општеството да се развиваат, рече Јорданов.
Јелена Лазова од комапнијата Алколоид на денешниот настан посочи дека соработката доведува до полесно остварување на целите и се овозможува студентите своето теоретско знаење да го применат во пракса, работејќи конкретно на даден производ.
- Тој вид на соработка до сега беше во вид на летно практиканство, докторски студии, специјалистички студии, размена на знаење, работа на заеднички проекти, вели Лазова.
Во наредните пет години студентите и Алколоид заеднички ќе работат на амбалажите на лековите, кои според ЕУ стандардите треба да бидат од материјали кои се рецеклираат. На денешниот настан се одржаа три панел дискусии.