Во Истанбул почна првиот состанок помеѓу САД, Украина и Турција, изјави неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.
Во Истанбул пристигна и американскиот државен секретар Марко Рубио, при што се предвидени низа состаноци во различни формати – трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција.
На состаноците Турција ја претставува министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Претходно, украинскиот советник за национална безбедност Андриј Јермак, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров имаа средба со советниците за национална безбедност на Велика Британија, САД, Германија и Франција. МИА