Познатиот штипски музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев, се огласи после два месеци болничко лекување од несреќата во „Пулс“ во болницата „Папаниколау“ во Солун.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев на фејсбук.
