Во врска со информацијата од СВР Штип, за инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Слога и ФК Карбинци, дека претседтелот на клубот Слога истепал фудбалер, со демант се јави Михајлов.
-Во врска со “наводно немилиот настан” помеѓу ФК „Слога“ и ФК „Карбинци“ известуваме дека ништо од тоа се нема случено за што има и демант на Фејсбук страната на ФК „Слога“ од Виница, напиша Дејан Михајлов.
Дека не се случил овој настанреагираа и од клубот, на својата Фејсбук страна.
– Фудбалскиот клуб ФК „Слога 1934“ – Виница најостро ги демантира лагите и инсуациите од ФК „Карбинци“, нивните играчи како и нивната управа. Што всушност се случуваше пред и по натпреварот. Играчите како и дел од управата на ФК „Карбинци“ неколку денови пред натпреварот со недолични и провокативни коментари на нашата страна се обидуваа да предизвикаат инцидент уште пред почетокот на натпреварот. Ние како клуб бевме известени дека одредени играчи и членови на клубот ќе сакаат да иницираат немили настани и затоа бевме спремни на секоја нивна провокација да одговориме со разумност. Сепак нивната арогантност односно арогантноста на нивниот играч Миле Димитров отиде до тој степен да пишува навредливи и заканувачки пораки кон член на нашата управа, за подоцна и телефонски да се јавува и заканува кон фамилијата на членот на нашата управа, се вели во објавата наклубот, во која понатамус е додава:
-Точно е дека играчот беше повикан во службените простории на клубот каде и самиот побара да се извини за своето непримерно однесување, за што беше известен и тренерот на ФК „Карбинци“ Ангелче Краљов, кој исто така беше присутен во службените простории на клубот во моментот кога беше и играчот Миле Димитров. Фудбалскиот клуб „Слога 1934“ секогаш се стреми за пријателство со другите клубови и секогаш пристапува максимално професионално на секој натпревар, но за секоја лага напишана се со цел да се оцрни името на клубот или на некој од членовите на управата ќе бидеме принудени да покренеме тужба против сите лица кои даваат лажни изјави и шират лаги за нашиот клуб, информираат од клубот.
Реакцијата на клубот „Слога 1934“ доаѓа по објавата на СВР Штип, во која беше информирно за оваа случка.
-На 04.05.2025 во ОВР Виница, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријави дека околу 15.00 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападант од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држал затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“. Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Штип.