Откако го откопуваа гробот, бараќјо злато, семејството на Зоки Фаци се соочи со уште една непријатност, опожарени се неговиот стан во скопската населба Ново Лисиче и куќата во Катланово. Но, за разлика од претходниот пат, кога гробот го откопуваа непознати сторители, овој пат виновник, како што тврди неговиот пријател Стефан Лазаров, во објава на Фејсбук, е зетот на Зоки.
Објавата на Стефан ја пренесуваме во целост:
-Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема!!
Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат!
Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира , им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие! Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил “аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас”?? Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во станицата во Аеродром и повторно го добиваат одговорот “Аман веќе од вас”. Откако го запалил ходникот , и колегите кои веќе се на увид во Катланово , интервенираат кај колегите во Аеродром и тек тогаш излегуваат на терен!!
Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!? Човекот е уапсен , вечерва во 21 часот е пред судија. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот неколку пати е пријавуван за семејно насилство!!!