Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Рим. Политичарите се сретнаа пред погребот на папата Франциско и се договорија средбата да ја продолжат и по погребот на понтифот.
За ова пишува украинска „Рубрика“ повикувајќи се на „Суспилне“ . Првите фотографии од средбата ги објави Серхи Лешченко, советник на шефот на кабинетот на претседателот .
Белата куќа потврди дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговарале денеска во Рим, пред погребот на папата Франциско, и дека средбата била „многу продуктивна“ .

„Тие се сретнаа приватно денес и имаа многу продуктивен разговор“, изјави директорот за комуникации на Белата куќа Стивен Чинг за CNN, додавајќи дека деталите од разговорот ќе бидат објавени наскоро.
Разговорите, наводно, дошле во клучен момент за војната во Украина, откако САД се заканија дека ќе ги напуштат напорите за мировно посредување и откако Трамп го осуди Зеленски претходно оваа недела за коментарите дека Украина нема да ја признае руската контрола врз Крим.
Сепак, по новите разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претставникот на Трамп за Украина, Стив Виткоф, Трамп рече дека Украина и Русија се „многу блиску до договор“ .

На објавените фотографии се и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кеир Стармер.
Рубрика