Во хуманитарен натпревар за погодените од трагдеијата во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1. Иако резултатот на овој натпревар не беше во прв план, двете екипи одиграа добар натпревар, а фудбалерите на Вардар беа достоен противник на гостите од Србија.
На полувремете на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ продефилираа легенди на двете екипи. Публиката имаше можност да ги поздрави: Кочо Димитровски, Ванчо Балески, Ѓоре Јовановски, Зоран Бошковски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Светислав Караси, Горан Попов.
Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за семејствата на жртвите и повредени во големиот пожар во дискотеката во Кочани. Токму тоа и на прес конференцијата по натпреварот тренерот Звездан Терзиќ.
-Горди сме на фактот дека Црвена Звезда беше во можност да помогне на нашата братска Македонија во еден тежок момент, после една така голема трагедија, што заеднички успеавме да собереме хуманитарна помош за семејствата на настраданите во Кочани“, изјави Терзиќ.
Погледнете ја галеријата од атмосферата:














