-Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачења на околности кои ги испитуваат и утврдуваат вештите лица. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп компјутери, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место преземаат и дополнителни дејствија со цел темелна проверка и согледување на сите околности при пожарот. Со таа цел, се влеи во соопштението, објектот се уште е обезбеден и локацијата детално се прегледува.
Претходно денеска јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани.
Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази, информираат од Обвинителство.