По информциите во медиумите дека јавниот обвинител, Љупчо Коцевски ја компромитирал акцијата за апсење на полициски службеници во Кочани, со гостувањето на телевизија, се јавија од МВР.
-МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, информираат од МВР.