Независниот советник во советот на општина Кочани, Венко Крстевски, е избран за в.д. градоначалник на општина Кочани во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту двајцата кандидати не освоија мнозинство (10 или повеќе) од вкупниот број советници.
Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски со 9 гласови „За“, наспроти Гоце Марков кој освои 8 гласови „За“. Советничката од Левица гласаше „Воздржана“.
Во изборот на градоначалник не учествуваше советничката Кристина Атанасова Арсова која на самата седница поднесе оставка, откако изрази разочарување од кандидатите и начинот на кој започна седницата, а посочи дека во повредените од несреќата во „Пулс“ е и нејзиниот син.
В.д. градоначалникот ќе има мандат до октомври, кога треба да се одржат редовните локални избори.