Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека суспензијата на американските реципрочни санкции претставува „кревка пауза“ и оти Европа мора да продолжи да работи на контрамерки за да се заштити.
- Заедно со Европската комисија мора да покажеме сила: Европа мора да продолжи да работи на сите неопходни контрамерки, напиша Макрон на Х.
Тој додаде дека Европската унија треба да се заштити „од текови од трети земји“, особено Кина, која останува максимално оданочена, а чиј прилив на производи може да доведе до нерамнотежа на пазарот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, соочен со пад на глобалниот пазар, одлучи да го одложи воведувањето на американските реципрочни царини за повеќето трговски партнери за 90 дена, притоа задржувајќи ги царините од 10 отсто за речиси целиот глобален увоз.
Во исто време, Трамп ги зголеми царините за кинескиот увоз од 105 на 145 отсто – само неколку часа откако Кина воведе царини од 85 отсто на Америка како одмазда.