Владимир Трајковски, македонски генетичар и професор по хумана генетика во едно видео упати совет, поточно не ги советува родителите на дечиња со аутизам дека „понатамошни вакцинации на децата и кај што има доказ дека веројатно вакцината е причинител“.
-Ако родителите имаат доказ дека вакцината е причина за аутизам јас не им советувам понатамошна вакцинација на децата, рече меѓу другото д-р Трајковски
Ова го налути д-р Драган Даниловски, познат македонски епидемиолог и универзитетски професор, особено што д-р Трајковски е претседател на Македонското научно здружение за аутизам
-Скандал! Иако ниту еден исказ не е точен*, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од устата на претседател на „Македонското научно здружение за аутизам“! За 30 секунди е збришана целата (и онака кревка) доверба на народот кон вакцините! Аферим, напиша д-р Даниловски.
Погледнете го видеото на д-р Трајковски каде ги советува родителите да не ги вакцинират децата: