Андрија Милошевиќ, отворено зборуваше за тешките почетоци и предизвици низ кои поминал, но денес со насмевка зборува за тие времиња, смета дека тие времиња биле подобри од денешните.
-Заминав од дома на четиринаесет години кога се запишав во средно училиште. Јас тогаш немав пари, од каде ти пари, ама бевме посреќни. Живеев кај вујковците, а на факултет, пет години живеев во студентски дом во Цетиње. Овој свет е болен, денес е најтешко да се сакаат луѓето. Од првиот ден се чувствувам како да сум секаде дома и тоа им пречи на многу луѓе, а за мене лично тоа е богатство и најголема човечка придобивка – вели Андрија.
Актерот емотивно проговори за смртта на своите родители, нагласувајќи колку му било тешко да се справи со нивната загуба.
-И татко ми и мајка ми умреа и многу тешко го поднесов бидејќи не правев многу работи со нив. Верував во едно, кога почина татко ми Пеко, по некое време ми се јави на сон и потоа пет-шест години од него немаше ни трага ни глас. Кога се одржа погребот на Миша Јанкетиќ, ми пријде еден човек и ми рече: „Дали си син на Пека Милошевиќ од Никшиќ?“, кога му реков да, тој ми рече: „Јас сум неговиот најдобар пријател од студентскиот дом, сега живеам во Америка, беше поубав од тебе“. Човекот си замина и тогаш бев пресреќен, бидејќи татко ми беше таков и така ми зборуваше. Таа врска е нешто што му треба на човек – вели тој, пишува телеграф.рс