МВР информира дек е расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица
-СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од село Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство”. На 24.03.2025 во Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор, се вели во соопштението од МВР.