Високиот шеќер во крвта е состојба којашто многу луѓе не ја препознаваат веднаш, иако може да предизвика сериозни здравствени проблеми потоа. Меѓу признаците за оваа појава се промените на лицето, кожата итн.
Промените во кожата, обликот на лицето, па дури и кај очите може да укажуваат на тоа дека Вашето тело има проблеми со контролирањето на шеќерот во крвта. Заобленото и надуено лице, на пр., може да биде резултат на прекумерно трошење на јаглено-хидрати и инсулин, што можеби укажува на проблем со шеќерот во крвта. Исто така, и црвените очи понекогаш се симптом на проблеми со црниот дроб, иако може да бидат предизвикани и од помалку сон или недостаток на витамини. Но, во некои случаи, тоа е знак за проблеми со црниот дроб.
Појавата на подуени очи може да укажува дека бубрезите имаат проблеми со задржување течности. Ако забележите дека вашата кожа е мрсна – и тоа може да значи високо ниво на инсулин или недостаток на цинк.
Сувата кожа којашто се лупи, исто така, може да биде признак за проблеми со црниот дроб, или пак, вишок омега-6 масни киселини во телото. На сувата кожа може да влијае и нерамнотежа во исхраната, а употребата на одредени намирници може да помогне да се врати потребната рамнотежа. И мрсната кожа може да укажува на високи нивоа на андрогени, што често се поврзува со покачени нивоа на инсулин во телото, пишува порталот „Кликс“.
И појавата на мозолчиња може да биде поврзана со високо ниво на шеќер во крвта. Акните се предизвикани од зголемено ниво на андрогени, коишто се резултат на прекумерен инсулин.
Промените во исхраната и внесувањето на одредени минерали, како што е цинкот, може да помогнат во намалувањето на овие проблеми. Препознавањето на овие симптоми може да биде првиот чекор во препознавањето на проблемот, за да почнете правилно да се грижите за Вашето здравје.
Доколку забележите некој од овие знаци, важно е, пред сѐ – да внимавате на исхраната и начинот на живот. И, доколку е потребно, побарајте лекарска помош.