Почина Александар Карадаковски, управител на дискотеката на смрт „Пулс“ во Кочани. Александар е 60-та жртва од страотниот пожар што се случи минатиот месец.
Блиски на Александар за ММС ја потврдија информацијата и рекоа дека бил многу повреден и дека лекарите во Литванија ништо не можеле да направат.
Александар бил управител само на хартија, бидејќи во локалите на вистинскиот газда Дејан Јованов -Деко во Кочни бил келнер. Во моментот на пожарот бил на еден од шанковите.