Спасувачките служби од Мјанмар, како и од целиот свет, со денови трагаат по преживеани под урнатините.
Мјанмарската противпожарна служба денеска објави видео од спасувањето на 63-годишна жена која по земјотресот била затрупана во урнатините на зграда во главниот град Најпјидау.
На видеото кое трае речиси 40 минути и се емитуваше во живо, може да се види како пожарникарите стигнуваат до затрупаната жена под урнатините, а потоа како ја ставаат на носилки, по што е пренесена во болница.
Беа објавени и фотографии од оваа спасувачка акција, а многу луѓе во коментарите им се заблагодарија на спасувачките служби и ги нарекоа херои, пренесува ало.рс.
Земјотресот во Мјанмар зема над 2000 животи.