Попладнето колу 13 часот е пукано во жена, вработена во Центарот за социјални работи – Прилеп, при што повредени се и други лица, јавува Радио Пела. Неофицијално жената, за среќа е вон животна опасност. Ова се првични неофицијални информации, а полицијата веќе е на терен.
Прилепските медиуми јавуваат дека вооружен маж влегол во канцеларијата на жената и испукал два куршуми. Жената е пренесена во болница. Неофицијално, вработената во ЦСР подолго време била вознемирувана од човекот кој пукал.