ОЈО информир дека во тек е полициска акција во Кочани, се приведуваат лица во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“
-Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, информираат од ОЈО.