Идентично како и синоќа, граѓаните се собраа на плоштадот „Слобода“ во Штип, оддавајќи почит за загинатите 59 млади луѓе во пожарот во Кочани. Во тишина го поминаа просторот од плоштадот, кон Трговскиот центар и поминувајќи назад покрај Градската црква се вратија повоторно на плоштадот.
Кратко младите упатија пораки за поголема грижа за младите луѓе кои се нашата иднина. Собирот беше спонтан. Се очекува протестите да продолжат од петок, ден по погребите на загинатите, закажани за утре.