Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати апел до новинарите, но и до сите кои поседуваат некаква камера, да се воздржат од пренесување на трогателни сцени во текот на утрешниот ден.
Министерот на денешната прес-конференција рече дека почитувањето на апелот од фамилиите на трагично загинатите во пожарот во дискотека во Кочани е најчовечка одлука која што може да се донесе во вакви моменти.
– Јас лично би упатил порака до сите кои имаат во себе камери како новинари така и сите останати максимално да го испочитуваат апелот од страна на дел од фамилиите. Мислам дека апелот за воздржување од пренесување на тие трогателни сцени кои ќе бидат во текот на утрешниот ден, нашето почитување на тој апел би било наша одговорност како општество, изјави Тошковски.
Информира дека на институционално ниво се изготвува протокол и истиот ќе биде соопштен од надлежен орган.
-Институционално се изготува протокол за она што треба да следи во текот на утрешниот ден јавноста ќе биде информирана во детали каде ќе може да оддаде почит на загнатите. Се работи на протокол и тој ќе биде соопштен од старна на надлежен орган. Воедно се вршат и проценки каде точно ќе се забрани летање на дронови во наредниот период. И како министер и како човек сметам дка еднаш засекогаш треба да ги почитуваме законите, ако постои правило дека летање на дрон треба да се пријави во надлежен орган треба да се пријави, ако постои европска легислатива дека дронот не смее да биде летан над толпа, тој не смее да биде.