На градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ се поставени три книги на жалост, за нашите тројца сограѓани кои трагично ги изгубија животите во кобната несреќа во Кочани, инормираат од Општина Пробиштип.
-Тоше Тодоровски, одговорен и совесен полициски службеник, посветен татко на две малолетни дечиња. Никола Насевски и Матеј Марковски средношколци, прекрасни деца во цутот на младоста.
Нека Бог ве насели на местото каде што почиваат праведниците. Пробиштип нема да ве заборави, и секогаш ќе бидете во нашите срца, информират од Општина Пробиштип и посочија детали за погребот на починатите.
-Трите погреби ќе бидат утре. Телото на полицаецот Тодоровски ќе биде изложено во капела од 1 часот1, а погребот е во 13 часот со службени почести. Телото на Матеј ќе биде изложено во капела од 13, а погребот во 15 часот, додека телото на Никола ќе биде изложено во неговиот дом во село Добрево,а погребот е во 17 часот, информираат од општината.