Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференцијата ги соопшти овие факти:
-Одреден притвор за 11 лица
-Осомничени 22-23 лица
-Во ПС Скопје и ПС Тетово се спроведени 5 лица со кои се вршат разговори, меѓу кои и поранешен министер
-Се вршат претреси во Кочани во дом, возило и простории на книговодство биро.
-На 15 тела до сега е завршена обдукцијата, 45 повредени се во критична состојба.
-Задолжен за пиротехниката бил член на групата ДНК, кој е починат.
–Дискотеката немала:
-Нема Легални документи за работа – работела на „ДИВО“.
-Нема Дозвола за употреба на пиротехника.
-Нема Договор со изведувачите.
-Настанот на бил пријавен.
-Законот за употреба на пиротехника е од 1973 година.
Панче Тошковски: Македонија нема систем! „Корупцијата и криминалот не’ принудуваат да ги губиме животите на децата. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно може да кажеме дека имаме катастрофална состојба во дел на постапување на огромен број институции. Што и да фатиме, се’ е труло. Од улични банди до министри – се’ е труло. Македонија нема систем. Корупцијата и криминалот го уништија системот. Мора радикални чекори да преземе ако сакаме да ја имаме државата. Или ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме“
Што беше кажано на прес конференцијата:
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа.
Како што истакна министерот, над 22 – 23 лица се осомничени за целиот настан.
Според Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.
– Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, истакна Тошковски.
Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.
Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.
-Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите, потенцира Тошковски.
Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.
В.К./МИА