Во петок (7 март), во гратската библиотека “Бака Миладиновци“ во Радовиш, од 18 часот ќе се одржи панел дискусијата, која е насловена: “Како очигледното да стане видливо”.
На панел дискусијата ќе говорат: Вангел Божиновски – архитект, Јовица Илиќ – филозоф, Теодора Костовска – психолог, во едно и модератор на дискусијата. Крајот на дискусијата му е доверен на Вангел Божиновски со претставувањето на неговото последно пишано дело “Вонбилансната евиденција”.
Како очигледното да стане видливо? Патот низ “тешките“ теми е патот до добрите дела ! Патот до себеси е преку другиот, поинаквото, различното!
….Едукација е процес преку кој учиме знаењето да го преточуваме во искуство низ кое стекнуваме храброст, сите наши сетила да останат отворени. Очите да ги држиме отворени што и да ни доаѓа во пресрет, ушите да останат отворени колку и да е непријатно тоа што го слушаме (особено кога некој ни зборува за нашите негативни аспекти или погрешни постапки), да сме отворени кога преку клицата на совест од внтре добиваме одговори, кои и не баш сакаме да ги слушаме, а заради таквата глувост внатре во нас чувствуваме болка, тензија, тага, фрустрација, прашања кои копнеат по одговор за да зрееме независно од тоа колку години веќе сме наполниле. Насушно е потребна едукација во насоката, како да ја поднесеме сопствената нелагода која силно удира по сите дамари кога копнееме по туѓото внимание…