„Сане Ѓоргиев“ е улицата од штипското Горно Маало, чија реконструкција започна викендов. Улицата која не е реконструирана од нејзината изградба со кобал коцка, ќе добие нов лик:
- Оваа улица се реконструира на барање на граѓаните и како што гледате е со коцка откако е изградена и не е реконструирана. Конкретно, за оваа улица на којашто денеска се наоѓаме се инвестирани помалку од два милиони денари, вели штипскиот градоначалник Јорданов.
Јорданов најави дека со затоплувањето на времето се планирани и други реконструкции на улици на повеќе локации низ Штип.