СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
-На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска” и ул.„Галичица” во Скопје патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, информираат од МВР.