Еди Рама се разбесне и луто одговараше на прашањата на социјалните мрежи откако беше уапсен градоначалникот на Тирана, негов близок соработник. На крај на видео интервјуто тој нервозно удри по масата и опцу на англиски јазик.
-Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани.Од која причина да поднесам оставка? Ќе се справиме со ова прашање внимателно, ќе формираме отворена јавна комисија доколку е потребно , рече Рама.
Edi Rama has a complete meltdown during a live broadcast. pic.twitter.com/XeHCBBs7kw
— Admirim (@admirim) February 11, 2025
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство, а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал ѝ одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа.