Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Стадион“ даде одговор и на прашањето дали размислува за повлекување.
-На денот кога ме избраа не знаев ниеден политичар, ниту опозиција, ниту власт. До сега ниеден политичар ми се нема јавено да врши притисок. Ниту дирекно ниту индирекно. Интерпелација за јавен обвинител не е дозволено имајќи предвид дека има законски одредби. Во Законот за јавно обвинителство има точно определени законски норми под кои услови се бира и можеда се разреши. Постапката е доста сложена. Во однос на повлекувањето тоа е лична желба на самиот, а јас сега засега не размислувам, рече Коцевски.