На денешниот протест за правда на Фросина беше и нејзиното семејство. Нејзиниот татко Тодор Кулаков собра сили и се обрати на присутните:
-Драги души кои што први реагираат на се зло што ни се случува во државава. По два дена, на крајот веќе едвај се движам, но сакав до крај да ја испочитувам вашата иницијатива. Сакам да ми верувате дека да не беше притисокот од јавноста случајот со Фросина веќе ќе беше ставен во папка. Сега ве молам, бидејќи семејството е преистоштено, затоа сакав да ви се заблагодарам, и ќе бидеме тука како за Фросина така и за секоја една друга жртва. Значи од се срце сакам да ви се зблагодарам и Бог да е со вас и да ви дава сила и правдина во душите и да продолжиме понатаму. Ќе ве замолам да ни дозволите на нас семејството да се повлечеме и во мир да побараме мислите да ни се спојат со Фросина. Ви благодарам што дојдовте и да се разделиме достоинствено како се налага. Бидете здрави и живи и до скоро видување, рече Тодор Кулаков, таткото на Фрисина, а семејството беше испратено со извикување „Правда за Фросина“ и „Одиме до крај.
Подоцна во изјава за Канал 5 таткото на Фросина објасни со што се соочувал на денот кога ја загуби ќерката и рече:
-Прво следуваше многу голем шок, па фаза на бес. Како секој рационален родител, ако може да биде рационален во тие моменти, почнуваш да анализираш, да бараш. Прво се обвинуваш себе си, па блиските, очи си вадиш , а потоа ти се крева маглата. Јас овие деца не ги познавам, ја исконтактираа керка ми, но им кажав дека ако нема политичка конотација тука сме. Нам само јавноста може да ни донесе правда за Фросина… Што да кажам, душа да не берам. Три часа дежурна, која е платена, обинителка немаше. Проверивме, нема втор предмет. А ја нема. Што прво ќе се прашаш за тоа. Потоа доаѓа таткото на убиецот, тоа е исклучително монструозно. Место да дојде кај нас, да се помоли за душа на дете, да направи нешто што би направил родител, а тој се провртка и замина.
Утредента ми се запали алармот, кога семејството го носев на брза помош да им удрат инекции за смирување, каде сестрите уште беа таму на смена и ми кажаа дека возачот немал возачка, а тоа никаде не беше споменато. Колку и да е тешко реков морам да тргнам. Па кога ќе дојде судење уште 10 пати ќе умреш кога ќе видиш каква каша од документација е направена.Ете за таква правда се борам. Сила ми дава што многу родители не исконтактираа со ваков случај, не само на Партизанска, не само во Скопје, туку и низ другите градови има вакви случаи. Па се сетив на филмот „Полиња на смртта“, е во тоа ги претворија нашите улици. Па добро до кога? Бараме одговорност, бараме правда за Фросина. Бараме најстрога казна и за родителите кои се монструми и кои создаваат монструми, рече тој низ солзи.