МВР информира за кумановска, која била измамена за 30.000 евра за лажна сообраќајка.
-На 31.01.2025 во 14.30 часот, 65- годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.