Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК, а по јавување на Германската служба за помош на пат.
-Изгубеното лице, бидејќи било странски државјанин и немало македонски телефонски број, па при животозагразувачката ситуација прво за помош се јавило во матичната држава, Германија, од каде почнала акцијата за негово спасување. Дежурен вработен во АМСМ, по добиени податоци од Германската служба за помош на пат, го информираше ЦУК дека е изгубено повозрасно лице од 70 години, кој е германски државјанин и којшто зборувал и на турски јазик. Лицето се наоѓало после селото Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба. Лицето немало јадено веќе еден ден и било уплашено за својот живот во темното во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи немале можност за контакт со лицето. Затоа од АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112, информираат од ЦУК и додаваат:
– Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици во Мирковци и Танушевци на коишто им била пренесена информација дека е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило. Од ЦИК на МВР известија околу околу 19.30 часот дека потрагата завршила успешно и дека лицето е пронајдено. Изгубеното лице беше пронајдено во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК. Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат претходно со патничко моторно возило „тигуан“ со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец, кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но дека не стигнало до неа и се изгубило, информираат од ЦУК.