Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска во вторникот, а пилотот се катапултира и е безбеден, соопштија претставници на базата.
Пилотот доживеал „неисправност во текот на летот“ и можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило.
Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.
Воздухопловната база Ајелсон во соопштение посочи дека инцидентот во вторникот попладне резултирал со „значителна штета“ на авионот F-35 Lightning II. „Пилотот е безбеден и е префрлен во воената болница Басет“, се вели во соопштението.
🚨#BREAKING: Watch as a F-35 fighter jet crashes at Eielson Air Force Base
⁰📌#Fairbanks | #Alaska
Watch as Military emergency crews quickly responded after an F-35 fighter jet crashed on the flightline at Eielson Air Force Base in Fairbanks, Alaska, as reported by a military… pic.twitter.com/v894H7YWDc
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) January 29, 2025
„Ве уверувам дека воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави ќе спроведат темелна истрага со надеж дека ќе ги минимизираат шансите ваквите настани повторно да се случат“, се вели во соопштението на Таунсенд.
Ф-35 е најскапата одбранбена програма на САД и најголемиот генератор на приходи на Локхид Мартин, кој придонесува со околу 30 отсто во вкупниот профит. Локхид претходно во вторникот соопшти дека ќе биде помалку профитабилен од очекуваното во 2025 година, делумно поради одложеното воведување на надградби на Ф-35.
Пентагон планира да потроши 1,7 трилиони долари за програмата Ф-35, вклучително и купување на 2.500 авиони во следните неколку децении.